Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до верниците од исламска вероисповед.
„Нека е честит Курбан Бајрам. На сите граѓани, припадници на исламската вероисповед, им посакувам добро здравје, радост, мир и спокој.
Овој свет ден, но и деновите по него нека Ви бидат исполнети со хармонија, трпение, дарежливост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност.
На овој празник кој возвишува благородни дела, како што се надежта и вербата во добрината на луѓето, споделете ги даровите на празникот со вашите семејства, роднини, пријатели и соседи.
Возвишени се благородните дела, тие не обединуваат околу заедничките човекови вредности и заедничката иднина.“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.