fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски забегаа тотално, а за одење в затвор долг е списокот од Белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ниското ниво на коешто е паднато ВМРО-ДПМНЕ е затоа што се уплашени, затоа што сите можни црни сценарија им пропаднаа.

1. Прво затоа што се главни анти ЕУ структури кои сакаа да ја закочат европската иднина на државата и тоа разбираат дека нема да им успее.

Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ, со листа формулација на македонскиот јазик, со заштитен идентитет и историски идентитетски прашања надвор од преговарачката рамка.

2. Поради фактот што не им успеаја насилните крвави сценарија кои заедно со проруската Левица ги реализираа.

3. Затоа што се уплашени од премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој државнички ги води сите процеси успешно и во интерес на граѓаните.

Секој успех на државата е пораз за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, затоа се закануваат, навредуваат, затоа се обидуваат да реализираат крвави сценарија и поделби во општеството.
А што се однесува до одењето в затвор, долг е списокот од Белиот дворец особено после сите веќе правосилни судски пресуди.

Последни вести