fbpx

Неуспешниот пироман Ковачки и претседателот во обид Таравари дел од крвавото коалициско сценариото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Неуспешното крваво сценарио на насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се потврди дека било помогнато и од структури блиски на Алијанса во Скопје, односно на претседателот во обид, Арбен Таравари.

Сите пиштолџии на Мицкоски, МВР ги пронајде и се санкционирани.

Меѓу нив предничи Јусуф Енус алијас Цуфи Кока, чиј брат беше директор на Комунална хигиена Скопје поставен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, односно од Арсовска.

Само по два дена од разрешувањето од директорската функција, иститот Јусуф Енус е поставен за шеф на кабинет на новата директорка Косана Мазнева.

Очигледно дека коалицијата на структури на Алијанса во Скопје, под команда на Таравари, одлично функцираат со ВМРО-ДПМНЕ под команда на Мицкоски.

Бидејќи и останатите пиштолџии се блики до овие структури јавноста очекува одговори на клучните прашања:

Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?

Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио?

Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?

Очекуваме надлежните институции, МВР, обвинителство, судство целосно да го расветлат обидот за крваво сценарио и етнички тензии и да дадат одговори на клучните прашања.

Едно е факт, антиевропската коалиција на Таравари и Ковачки не успеа во своите намери.

Институциите, граѓаните, нема да дозволат ниту Мицкоски ниту Таравари да ја загрозат европската иднина на државата.

Последни вести