fbpx

Мицкоски со Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран.

Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица.

Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја.

Никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.

Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот.

Остана Мицкоски осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ.

По којзнае кој пат, Мицкоски одбра да се стави на спротивната страна од државните и националните интереси, на погрешната страна на историјата.

Последни вести