fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се плаши од ветинг и бара начин да не се спроведе за да може да ги закопа предметите на СЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека се плаши од ветинг на судиите и обвинителите, и изнесува лажни обвиненија на сметка на правосудниот систем во земјата.

 Од секој збор на ВМРО-ДПМНЕ на површина излегува стравот дека не успеаја да ги закопаат предметите на СЈО, туку тие и понатаму се во процедура.

 Изгледа Мицкоски, кој, како што лажно тврди дека, докторирал во Германија или магистрирал во Италија, не ја разбрал темата за правосудството и продолжува со лагите кои стануваат заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да шири лаги ВМРО-ДПНМЕ треба да одговори дали е вистина дека сега кога СДСМ најавува ветинг, Мицкоски во паника бара од преставник на меѓународната заедница во земјата, да не дозволи ветинг на судиите и обвинителите?

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го газеше поравниот поредок и го уништуваше судството преку партизација, со помош на Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена, Вангеловски, Панчевски, Зврлевски… монтираше случаи и пресуди, со кои се пресметуваше со неистомислениците и ги штитеше криминалите на фамилијата.

СДСМ е за правна држава во која законите важат за сите.

Последни вести