Изјава за медиуми, Лилјана Божиновска – советник во Општина Бутел и претседателка на Форумот на Жени на Град Скопје
Почитувани граѓани, почитувани медиуми!
Локалната власт во Бутел предводедна од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и реализација на ветените проекти.
Општина Бутел реализираше бројни проекти во делот на урбанизам и реконструкција на улици кои во изминативе 18 години беа целосно занемарени и оставени на пропаст.
Со гордост можеме да изјавиме дека, проектите кои се реализирани во изминатиов период беа со огромна поддршка како од градската така и централната власт, со единствена цел исполнување на основните услови за живот на граѓаните кои им беше ускратен во изминатиов период
Пред две години затекнавме општина без готови проекти за реализација на терен, кои за истите во првата година, ни беше неопходно време, ресурси, средства и многу енергија за да ги придвижиме работите на прав пат.
Општина Бутел има одлична соработка со Град Скопје за сите проекти што ни се од заеднички интерес. Континуирано работиме на решавање на инфраструктурните проблеми и имплементација на нови и подобрени решенија каков што е примерот со „ Босна и Херцеговина“ каде што се наоѓаме токму сега.
Постојната улица Босна и Херцеговина е изградена пред повеќе од 40 години, асфалтот не е заменет и широка е само седум метри. Оваа година започнавме со реализацијата на проектот за изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со Бул. Христијан Тодоровски Карпош. Улицата Босна и Херцеговина е само дел од поврзувањето на општината Бутел со Шуто Оризари, а преку булеварот Словенија и со општината Карпош,каде што истата таа ќе прерасне во нов модерен булевар.
Новиот булевар ќе има по три коловозни ленти во двата правци, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, а проектот е во вредност од околу 150 милиони денари, со овој проект значително ќе се намали сообраќајниот хаос и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните.
Воедно, завршено е и проширување на Христијан Тодоровски Карпош и изградба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа, целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод и поврзување на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки. Изградена е и нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа на новореконструираната улица Александар Урдаревски која води кон Кучевишка Бара и кон гробиштата во Бутел.
Во бројните инфраструктурни проекти кои оваа власт ги реализира за овој краток период е и реконструкција и проширување на патот од Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км. Вредноста на овој проект изнесува 12.965,528,00 денари средтва финансирани од буџетот на општина Бутел и 10.987.736,00 одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Почитувани, на прав пат сме
Покажуваме дека посветено се грижиме за развојот на инфраструктурата на нашата општина и заедно чекориме продолжуваме да работиме на реализација на проекти од заеднички урбан интерес.