Соопштение за јавност
Успеавме да оствариме стратешка, национална, државна и децениска цел, челнство во НАТО. Тоа значи траен мир, стабилност, сигурна иднина, инвестиции. Овие политики немаат алтернатива. Затоа бараме поддршка и вечерва во Гостивар бараме поддршка за концептот на прав пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Гостивар.
-Франција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, остана уште само Шпаније и ете не, конечно во НАТО. Изборите во Шпанија завршија, објавена е владејачка коалиција, на 3 декември ќе се конституира Собранието, кон средината на декември Владата и очекуваме веќе на почеток на следната година, од јануари да бидеме полноправна членка на НАТО, рече Заев.
НАТО значи мир, никогаш повеќе војна и конфликти, со НАТО ја обезбедивме целовитоста на државата, посочи Заев додвајќи дека исторската грешка на ЕУ ќе биде наскоро поправена затоа што таа не е одржлива, затоа што сторивме се што беше потребно и затоа што заслуживме.