Соопштение за јавност
Живееме 30 години во демократско општество, но дури во 2016 една голема и храбра личност успеа да промовира и да го афирмира концетот „Едно општество за сите граѓани“, а тоа е Зоран Заев, истакна претседателкатата на комисијата на СДСМ „Едно општество за сите“ Ѓулумсер Касапи, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гостивар, зборувајќи за придобивките од овој концепт за рамноправност и еднаквост меѓу граѓаните.
-Концептот ја опфаќа целокупната рамноправност на сите граѓани Македоници, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Вкласи и другите заедници во земајата, рече Капаси, додавајќи дека ова не е само политички концепт и ние не смееме да се откажеме од него.
Доста беа раздор и поделби, нагласи Касапи, додавајќи дека режимот на ВМРО-ДПМНЕ не делеше по разни основи, ососбено по етничка, и затоа треба да се продолжи по патот на рамноправнсота и еднаквоста, по правиот, вистински пат.