Соопштение за јавност
Она што Драган Ковачки и ВМРО ДПМНЕ го направија на големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката е срамно, нечесно и антидржавно. Ковачки, заедно со Александар Николовски намерно задоцнија на манифестацијата, а заминаа пред интонирањето на химната.
Граѓаните кои масовно, гордо и достоинствено го прославуваа празникот, му дадоа одговор ма Ковачки и неговите сопартијци, кои покажаа незадоволство од нивното неодговорно однесување
ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели.
На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.