fbpx

Ковачевски: Не постои опасност за асимилација и бугаризација, ги решаваме стратешките прашања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не постои никаква опасност за асимилација и бугаризација, македонскиот народ никогаш не бил асимилиран и сите кои живееме тука знаеме кои сме и кои ни се корените, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

,,Историската комисија нема влијание од политичарите, што може да го потврдат и самите членови. Таа одлучува со консензус, што значи дека седум наши и сеудм бугарски историчари треба да се согласат и да одлучат врз база на факти и наука“ посочи Ковачевски додавајќи дека оваа Влада предводена од СДСМ решила клучни прашања.

,,Во минатиот период, оваа влада реши две крупни прашања, кои значат дооформување на стратешките цели. Првото беше признавањето на автоќефалноста на МПЦ и примање во канонско единство со другите православни цркви, а второто е почнувањето на преговорите со Европската Унија“ заклучи Ковачевски.

Последни вести