Соопштение за јавност
Време е конечно да се направи ветинг во судството, бидејќи има луѓе во судството кои навистина професионално работат, но има и такви за кои навистина треба да минат низ процес на ветинг, порача потпретседателот Дамјан Манчевски на вечерашната трибина На прав пат во Валандово.
Се обидувавме да го направиме и порано ветингот, но рековме да дадеме шанса законите да функционираат, системот да функционира. Но сите гледаме дека тоа не го бидува и мораме не само кај судиите туку целиот сектор да се проветри, да направиме сериозен ветинг. Време е луѓето кои го спроведуваат законот, да гипочитуваат законите и ова е нашето ветување: Веднаш по победата на 12 април, ќе го спроведеме ветингот на дело, порача потпретседателот Манчевски.
Караванот граѓански трибини „На прав пат“ вечерва е со граѓаните на Валандово. Масовното присуство на валандовчани е потврда за исправноста на политиките на СДСМ и покажува дека граѓаните сакаат да продолжат по вистинскиот, по правиот пат.