fbpx

Димковски: Се гради откупен дистрибутивен центар во Ресен, земјоделството се модернизира, инвестираме во конкурентно производство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Мерките во земјоделството се на прав пат. Инвестираме во модернизација на земјоделството. Токму овде во Ресен работиме за изградба на нов откупен-дистрибутивен центар со капацитет од 5 до 8 илјади тони со што ќе се зголеми конкурентноста на производите од овој регион и ќе ги доближи до странските пазари, рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Ресен.

Димковски се осврна и на влoжувањето во промоцијата и потенцираше дека со новиот Буџет за рурален развој од 400 илјади евра денес имаме буџет од 1 милион евра, за присуство на европски и светски штандови каде ќе се промовираат македонските производи, зеленчукот, овошните производи и виното.

Земјоделските задруги се финансирааат со 90 отсто субвенционирана машинерија. Овозможуваме земјоделецот да го врати својот дигнитет, да има помали трошоци, а поголем квалитет и покункрентно производство, заклучи членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски.

 

Последни вести