fbpx

Пратеници на СДСМ и коалицијата: Глас за советничката листа на СДСМ е глас за европско, модерно Тетово, гласајте за број 1!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеници од пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска беа меѓу граѓаните на Тетово.

На средбите со жителите на повеќе населени места во Тетово, пратениците на СДСМ одблиску се запознаа со проблемите на тетовчани, ги слушнаа нивните барања и разговараа за досега спреведени мерки и политики.

Пратениците потсетија дека токму ова парламентарно мнозинство, го усвои Законот со кој Шар Планина станува Национален парк, прв во независноста на државата.

Во разговорите со граѓаните, пратениците истакнаа дека е важно Советот во општината да биде составен од одговорни, чесни и угледни граѓани кои ќе бидат коректив на градоначалникот.

Тие порачаа дека со СДСМ Тетово ќе се гради како европска, модерна општина и ги повикаа граѓаните на 20 август, во сабота, да излезат на гласање и својот глас да го дадат за број еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски.

Последни вести