fbpx

За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај татиниот асистент Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше.

За рангирањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.

Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.

Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.

Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.

Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Последни вести