Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска при посетата на општина Маврово и Ростуше се сретна со жителите од населеното место Присојница.
Ковачевски истакна дека Присојница, заедно со останатите населени места во општината, се развива со засилено темпо и дека нема место каде што Куртовски не оставил свој печат со реализирани проекти.
Во мандатот на Куртовски реализирани се над 60 проекти,за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Дел од нив се во Присојница, место каде е изграден нов локален пат со кој се поврзуваат Присојница и Аџиевци, се направи целосна реконструкција, проширување и асфалтирање на дел од локалниот пат за Присојница од месноста Надобје до центарот на селото, со што се олесни движењето на возилата.
„Во следните четири години, со Медат Куртовски како градоначалник ќе следува рехабилитација на локален пат, изградба на нов резервоар за вода, изградба на нова улица во селото, ќе се изгради мост на река Радика и ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Медат е вистинскиот човек за Маврово и Ростуше и драго ми е што граѓаните ја препознаваат неговата посветеност и вредна работа, за што ќе ја добие поддршката на 20 август” , рече Ковачевски.
Маврово и Ростуше е пример дека во соработка со централната власт, се решаваат најголемите проблеми и барања на граѓаните и општината, затоа Куртовски и СДСМ се изразити фаворити на изборите во сабота.