fbpx

ВМРО-ДПМНЕ остaнуваат на страната против се` што е во интерес на граѓаните, против повисоки плати и против вработувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет потврдуваат дека се против се` што е во интерес на граѓаните.

ВМРО – ДПМНЕ претходно покажаа дека се против минималната плата, против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните.

Времето на превработување на администрацијата поради партиски цели и добивање на повеќе гласачи за избори ќе остане запаметено како времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, секоја институција вработува според индивидуалните потреби, дали за нови работни позиции поради зголемен обем на работа и формирање на нови сектори, како и замена на постоечките со нови вработени поради пензионирање.

Институциите денес, работат професионално, отчетно и одговорно, без притисоци закани, уцени и бркање од работа како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ изгубија на последните избори поради тие причини и затоа ќе изгубат и на изборите на 12 април.

Обнова на криминалниот режим и заканите кон администрацијата нема да има.

 

Последни вести