fbpx

Георгиевски: Правиме се за да го задржиме статусот во УНЕСКО, реконструираме улици работиме на развој на Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се бориме за УНЕСКО и ќе се избориме. Тоа е голем предизвик со бројни болни мерки за решавање, но мора да го спроведеме, мора да го задржиме статусот на Охрид во УНЕСКО истакна охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“.

 Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека и покрај големите долгови кои на општината и ги остави претходната локална управа на ВМРО-ДПМНЕ од 1,6 милијарди денари, реконструирани се Кејот Македонија, булеварот Туристичка, улиците АСНОМ и Егејска и сменети се покривите на четири училишта во Охрид.

 Сега следува развитокот на градот нагласи Георгиевски, најавувајќи дека наскоро ќе започнат бројни проекти, од кои ја издвои целосната ренострукција на улицата Емин Абас, со изградба на водовод, фекална и атмосферска канализација, како и новиот влез во Охрид од страната на Битола.

 Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно Охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.

Последни вести