Соопштение за јавност
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е исплашена од се поголемата поддршка што советничката листа на СДСМ и коалицијата секојдневно ја добива.
Затоа, денеска, на еден ден пред изборниот молк, преку нарачани текстови во медиуми под партиска контрола, прави конструкции против носителот на листата на СДСМ и коалицијата, Глигорије Стојановски.
Вистината е дека пресудата на Апелациониот суд во Гостивар под број РОЖ 106/21 која ја објавија дел од медиуми, како дел од конструкцијата, од страна на Врховниот суд се ПРЕИНАЧУВА а жалбата на тужителката се ОДБИВА и истата се задолжува да плати и судски трошоци.
Документот во прилог ги демантира наводите на медиумите кои имаат за цел единствено да го оцрнат носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата Стојановски.
Ваквите ниски обиди само го потврдуваат стравот на ВМРО-ДПМНЕ од извесниот изборен дебакл што ќе им се случи на изборите во сабота.