Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ никако да се откаже од деструкциите и од неодговорното однесување.
Колку оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е заглавена во сопствената деструктивност, говори тоа што денеска ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан како што е Охридскиот маратон и истиот да го злоупотреби во дневнопартиски цели.
Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт ја преземаа организацијата на Охридскиот пливачки маратон и тој оваа година ќе се одржи како што се одржува секоја година шест децении наназад.
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изгубија секаков компас во нивното политичко дејствување откако им пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сите крвави сценарија.