Соопштение за јавност
Советничката листа на СДСМ и Коалцијата е гаранција дека ќе имате советници кои ќе се борат за вашиот глас, кои ќе се посветат на барање решенија за секој ваш проблем, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на завршната конвенција во Тетово.
Тој нагласи дека градоначалникот нема веќе самоволно да ја води општината, туку дека ќе мора да го слуша и гласот на советниците и да работи заедно со нив.
„Затоа, на 20 август во сабота, сите масовно и сплотено да застанеме зад советничката листа на СДСМ и Коалицијата, сите заедно и Македонци и Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египќани, сите заедно од Колтук и од Речица, од Два Бреста и од Фалише, од Блок 70 и од Порој, во сабота гласајте за бројот 1, за СДСМ и коалицијата, гласајте за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, гласајте за Гиге, за Наташа, за Фарух, за Миќо, за Шќипе, за Стојанчо, за Кристина…гласајате за европско Тетово“ повика претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од завршната конвнеција во Тетово.