fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, постапките во Министерството за здравство се водат јавно и транспарентно и согласно законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, нов ден нова лажна вест од белиот дворец. Партијата без идеја, без програма се потпира единствено на лажни вести и конструирани случаи.

Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции е процес што се водел транспарентно, согласно Законите за јавно-приватно партнерство и концесии.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести за набавки во Министерството за здравство, но нивните лаги беа и официјално демантирани од официјални институции. Пред неколку месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.

Навикната на криминални тендери и расипништво, за ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека може да се работи чесно и одговорно.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструкцијата и лажните вести, СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствениот систем и правата на пациентите.

 

Последни вести