fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ двојно загубија на изборите, имаат и драстичен пад на гласовите во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загубија двојно на вонредните локални избори.

Во две општини имаше локални избори за градоначалник и во двете општини ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл.

Кандидатот на СДСМ и европската коалиција убедливо победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со разлика од 1.300 гласа.

Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл, затоа што сакаше да пропаднат изборите. Сепак, победи кандидатот на владејачката коалиција со освоени над 3.000 гласови.

Во третата општина каде што се спроведуваа избори за советот, Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.

Во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ освоила 5.903 гласови, во 2021 4.052 а на вчерашните вонредни локални избори едвај 3.000 гласови.

Нивниот коалициски партнер Левица исто така доживеа дебакл.

Граѓаните им пратија јасна порака, не сакаат деструкции, блокади, анти европски и криминални ликови во политиката.

Последни вести