Соопштение за јавност
Општина Македонски Брод ја затекнавме презадолжена, со долг од околу 2 милиони евра. Со голема поддршка од Владата и домаќинско и одговорно работење денес општината успеа да го намали долгот на само 40 илјади евра.-истакна градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјаноски на трибината „На прав пат“ во оваа општина.
Тој истакна дека за периодот од доаѓањето на оваа локална власт досега, завршени се многу проекти, а најмногу во патната инфраструктура. Асфалтиран е патот кон населено место Косово, а изработени се проектите за патиштата кон населените места Бенче, Рамне, Брезница,Здуње и други, кои ќе бидат реализирани во периодот кој следува.
Градоначалникот Силјановски, како проекти на кои се работи ги посочи обновата на патот од населено место Калуѓерец до Растеж, од кој дел веќе е обновен во соработка со ЈП за државни патишта, поставен е водоводен систем во населено место Белица кој е во завршна фаза, реконструиран е патот од мостот до н.м Манастирец, каде се гради и водоводен систем во вредност од 700 илјади евра.
Покрај проектите во тек, градоначалникот Силјаноски истакна дека изработени се проекти за водоснабдување на уште неколку населени места кои во периодот кој следува треба да се реализираат. Планирана е и изградба на мала хидроцентрала на реката Треска ,Драгодол за производство на електрична енергија. А во населеното место Суви дол е подготвен проект за канализација кој за краток период треба да се изреализира.
Македонски брод денеска има обновени улици, како Партизанска и Димитар Влахов,а се работи и на реконструкција на старото школо кое ќе биде наменето за деца со посебни потреби. Ако се земе во предвид на се што е направено и она кое што ќе се направи во периодот кој следува , можеме да кажеме дека Македонски Брод е на правиот пат!-заклучи градоначалникот Силјаноски.