fbpx

Двојната победа на СДСМ и коалицијата покажа, сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ се лажни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ доживеа изборен дебакл, на вонредните локални избори. Граѓаните јасно порачаа дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните.

Сите анкетите што ги нарачуваат од ВМРО-ДПМНЕ се лажни и погрешни.

Иако нивните нарачани анкети покажуваат поинаку, на првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски.

Изборите завршија со двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што се бираа градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше, и со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ, сите деструктивни и погрешни политики на Мицкоски.

Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт, кој ја води државата напред.

Последни вести