fbpx

Со денови молк за изборите, Мицкоски зашеметен од изборниот пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност
Со денови молк од Христијан Мицкоски за резултатот од вонредните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл.

Зашеметен од шамарот што го доби од граѓаните, драстичниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски.

Ниту збор од Мицкоски за тоа што со разлика од 1.300 гласа беше поразен нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата.

Ниту збор од Мицкоски за тоа што не успеа да ги блокира изборите во Центар Жупа и победи кандидат на коалицијата предводена од СДСМ.

Двојната победа на СДСМ и коалицијата во Центар Жупа и Маврово Ростуше и значителниот пад на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ во Тетово покажаа дека граѓаните не сакаат деструкции и блокади, туку напредок, развој, европска држава и европски вредности.
Затоа е молкот на Мицкоски.

Последни вести