Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитивани медиуми,
Грижата за децата, подобрување на условите и можностите за ран детски развој е приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Проектите со кои инвестираме во нови, модерни, европски градинки, во подобри услови за секое дете за раст и развој, се нашиот влог во иднината на државата.
За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца го зголемивме за 4.300 дечиња.
Само во последните 5 дена, пуштена е во употреба нова детска градинка во Боговиње и нов објект во Крива Палнака со што овие бројки продолжуваат да растат.
Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание а вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.
Жителите на Општина Боговиње за прв пат добиваат нова градинка, во која ќе бидат згрижени 87 дечиња.
Новите градинки се изградени по највисоките стандарди, на децата им се обезбедени одлични, современи услови а објектите се енергетска ефикасни.
Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки.
Решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.
Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.
СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за раст и развој на децата и подобрување на условите за сите граѓани.