fbpx

Мицкоски нема реални политики за граѓаните, па шири невистини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во отуство на реални политики за граѓаните, Христијан Мицкоски продолжува да шири невистини, секој ден си избира нова лага.

Граѓаните може да бидат спокојни, станува збор за тестирање на помошна опрема во РЕК Битола, која по кусата проверка е исклучена.

АД ЕСМ вложува максимални напори за работење по сите стандарди, во услови кога производството на електрична енергија е целосно од домашен капацитет, а производство од јаглен и мазут во време на енергетска криза е неизбежно.

Што и да зборува Мицоски, тој останува најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник за енергетика на Груевски, кога струјата поскапе за 100 отсто, кога се набавуваше електрична енергија по три пати повисока цена од пазарната.

За разлика од Мицкоски, во чие време немаше криза, но цената на струјата се дуплираше, а тој почна бизнис со мали хидроцентрали, институциите предводени од СДСМ во текот на најголемата економска и енергетска криза во светот преземаат низа мерки да ги заштитат граѓаните и стопанството.

Максимално е зголемено домашното производство на електрична енергија. Државата ја субвенционира струјата за граѓаните и тоа во вистина од над 80 отсто, а домаќинствата плаќаат околу 20 проценти од цената.

Додека СДСМ презема конкретни мерки за справување со енергетската криза, Мицкоски шири невистини и ништо друго.

Логиката којашто ја очигледно ја применувал, ја следеле и други раководни лица во енергетскиот сектор, но резултираше со покренати кривични пријави против поранешни директори на РЕК Битола за загадување на животната средина, бидејќи пропуштиле да ги реконструираат и да постават филтри за прашина и дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, со што предизвикале опасност по здравјето на граѓаните.

Последни вести