fbpx

Милошоски да работи по деловник, да ја свика комисијата за избор на амбасадори, чекаат и други ратификации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата

За тоа прашање сме разговарале досега не знам колку пати на секоја координација претходно затоа што станува збор за еден преседан којшто никогаш никој не го правел во Собранието.

Тоа е една протоколарна седница на комисијата каде што кандидатите за амбасадори треба да ги изложат своите тези. Само преку таа комисија ги запознаваме граѓаните кои се нивните тези и кои се луѓето којшто ќе бидат следни амбасадори, инаку веќе се случи со еден амбасадор, може пак да се случи, претседателот директно да потпише меѓутоа тоа заради граѓаните и заради јавноста не е добро.

Еве и јавно го повикувам претседателот на Комисијата за надворешни работи тоа што е работа на комисијата, тоа што секогаш се случувало да продолжи понатака така да функционира и не само за изборот на амбасадорите, таму имаме и ратификации на други догобори посебно од Отворен Балкан, така да ги повикувам сите претседатели на комисии да работат според тоа што им наложува деловникот, ништо повеќе и ништо помалку.

Последни вести