Соопштение за јавност
На Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им се работи за граѓаните.
Не го бојкотираа само одморот. Им заврши одморот и веднаш највуваат нова неработа, нови бојкоти и блокади на Собранието, и тоа во време на најголема економска и енергетска криза.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.
А граѓаните им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека се против блокади, опструкции и деструкции и ги поразија на вонредните локални избори, на кои изгубија во две општини, а во третата имаа пад на гласовите.