fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Славевски се против раст на платите и против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ

Трајко Славевски, човекот кој со години ги аминуваше криминалните економски политики на Никола Груевски и гласен противник на зголемувањето на минималната плата денес е во неверување што парите им се враќаат на граѓаните.

 

ВМРО-ДПМНЕ не разбира што значи грижа за граѓаните и не може да прифати дека граѓаните конечно ги добиваат своите пари назад. Затоа бараат да се укине мерката која враќа кај граѓаните три милиони евра за три месеци.

 

Од партија која со години не мрдна со прст за сивата економија, не може да се очекува ништо друго освен да бидат против мерки за намалување на сивата економија.

 

МојДДВ е успешна мерка, а граѓаните за помалку од 1 месец ќе ги добијат назад 15% од платеното ДДВ.

 

Повеќе од 200.000 граѓани скенираат сметки и бројот се повеќе расте! МојДДВ, не само што ќе ги врати парите кај граѓаните, туку влијае на намалување на сивата економија.

 

СДСМ со голема грижа ги спроведува и приспособува своите социјални и даночни политики. Прогресивниот данок може да даде добри општествени ефекти, но ако даноците ги плаќаат сите и сивата економија се сведе на минимум.

 

Владата предводена од СДСМ е доблесна пред своите граѓани и го слуша нивниот збор. Затоа, одлучи да ја стави стапката од 18% во мирување во следните 36 месеци.

 

Лицата како Трајко Славевски кои без збор да кажат, следеле со години како се случува најголемата кражба на народните пари, треба да си го преиспитаат правото да зборуваат што е добро за граѓаните!

 

 

Последни вести