fbpx

Претседателот на СДММ Каевски: Младите се охрабрени да продолжат по правиот пат, сите заедно говориме за една иднина во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Младите во Северна Македонија, социјалдемократската младина денес испраќаат една силна порака, а тоа е дека се на вистинскиот, правиот, европски пат кој обезбедува перспектива и европска иднина, порача претседателот на СДММ, Дарко Каевски, од младинска трибина под мотото ,,Иднината на Европа”.
 
Тој истакна дека изминатиов период имавме огромна поддршка од европските социјалдемократи кои гласно лобираа за нас и порачаа дека нашето место е во ЕУ. 
 
Каевски се осврна и на промените што се случуваа во изминатите две и пол години.
 

Ако направиме една ретреоспектива, на годините наназад, се сеќавате, ни велеа тешко дека младите ќе имаат иднина, дека имаме големи непријатели, Европа не не сака, не убедуваа дека треба да бидеме изолирани , дека е добро да сме сами за себе, затворени, да не соработуваме со соседите ниту со регионот, ниту Европа, Денес, по само две и пол години, гледаме една друга слика, каде што соработуваме со соседите, промовираме заедништво и сите заедно  Македонци, Срби, Турци, Албанци, сите заедно говориме за една заедничка иднина во НАТО и ЕУ. И затоа ќе продолжиме по вистинскиот, европскиот пат затоа што тоа го заслужуваме, порача Каевски.

 

 
Последни вести