fbpx

Нови 50 милиони евра за поголемо производство на струја, останува мерката за 80% субвенционирање на сметките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и коалицијата, преку институциите кои ги предводат, преземаат навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна во пресрет на една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза.

Зголемено е домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството, а на сила се и мерките за заштеда на струја.

Државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните, а граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 76 милиони евра за нови мерки за помош.

СДСМ одговорно и државнички во време на светска енергетска криза, се грижи за сите граѓани.

Последни вести