Соопштение за јавност
Коце Трајановски имаше 8 години да остави трајни проекти за Скопје, но наместо тоа тој реши да ги исполнува криминалните желби на неговиот шеф Никола Груевски, затоа денес Трајановски нема кредибилитет да зборува за состојбите во Град Скопје.
600 милиони евра пари на граѓаните потроши ВМРО-ДПМНЕво центарот на Скопје за споменици, лажен барок, палми и жални врби, додека делов од градот немаа водовод и канализации.
Од Град со зеленило, дрвја и паркови, Скопје стана град од бетон и стиропор обвиен во сивило.
Граѓаните се сведоци и на урбаната мафија која градеше каде стигне и за тоа си делеше дебели провизии и тендери.
Редовно поплавување на улици и булевари на секој дожд беше уште една од бројните последици од негрижата на тогашната власт предводена токму од Трајановски.
Денес, како никогаш досега истовремено се реконструираат клучни сообраќајници во сите скопски општини, реконструирани и подигнати се нови зелени површини на околу 40 илјади квадратни метри, а се решава и проблемот со аеорозагадувањето кој ВМРО-ДПМНЕ со години го игнорираше.
Нови еколошки автобуси, субвенции за електрични возила, електрични тротинети, велосипеди, вградување на плински уреди во возилата,г реење на палети, субвенции за инвентори, зголемен инспекциски надзор на диви депонии и палење на стрништа, се дел од мерките кои оваа градска власт ги превзеде против аерозагадувањето.
Градот ја презема мрежата за дистрибуција на топлинска енергија, се работи и на процесот на гасификација со цел што повеќе граѓани да добијат пристап до поевтино и еколошко загревање.
Се вложува во паркови, нови садници на дрва, детски игралишта, урбана опрема, нови контејнери за отпад, реконструкција на училишта, велосипедски патеки.
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Град Скопје бидејќи оваа партија ниту како власт ниту како опозиција не работела никогаш во интерес на градот и неговите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје.