fbpx

Петров: Лажните вести се глобален проблем, наша одговорност е едукација и транспарентност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лажните вести се глобален проблем, кој не засега сите нас, сите политички партии и сите граѓани, бидејќи се деструктивни, создаваат параноја, конфликти и тензии, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21.

 

За лажните вести нема решение кое утре ќе се имплементира, но наша одговорност е едукација и транспарентност во комуникацијата, рече Петров, додавајќи дека кај нив не постојат две страни  – лажни вести се лажни вести.

 

Воздухот не се дели на воздух на СДСМ и на воздух на ВМРО, рече Петров, во врска со вестите и лажните вести за загаденоста на воздухот во земјата, додавајќи дека во фокусот треба да биде  дали се преземаат мерки за намалување на загаденоста или не.

 

Факт е дека сега се презeмаат најмногу мерки за намалување на аерозагадувањето од кога и да било порано, истакна Петров.

 

Тој додаде дека воведувањето на трамвајот во Скопје не може да се третира како лажна вест, бидејќи градоначалникот на Скопје има уште време да го реализира проектот.

 

 

Последни вести