fbpx

По 7 ми пат ќе им држиме предавања на ВМРО-ДПМНЕ за вишоците на струја, бидејќи не знаат

Facebook
Twitter
LinkedIn

По 7-ти пат ќе треба да им држиме предавања на ВМРО ДПМНЕ за вишоците на електрична енергија што ги произведува државата во текот на ноќта а се продаваат транспарентно и по конкуренти цени кои се диктирани од берзата.

ЕСМ произведува струја и продава вишоци со што се враќаат пари назад во буџетот, што е одговорно во време на криза.

Нив може да ги купи кој било, стопанство, институции, трговци. Оваа енергија, којашто се продава од 2 до 7 часот, на јавна објава, на јавна аукција, со транспарентна и конкурентна постапка, а цената се формира врз основа на добиените понуди и цени кои индикативно ги дава ХУПЕКС берзата. Понудата со највисока цена ја добива електричната енергија.

Ако не се продава вака, тогаш другата опција е вишоците на струја да се пуштат слободно во системот и да не се наплаќаат, а со тоа АД ЕСМ би имале нула приходи.

Продажбата се врши преку ЕСМ Продажба, фирмата за трговија со струја на АД ЕСМ. Треба да се има предвид дека ЕСМ нема развиена трговска мрежа и клиенти во различни земји, за разлика од споменатите фирми кои се едни од најголемите фирми за трговија со струја во Европа, со разгранета мрежа и капацитети и кои лесно можат да купуваат и продаваат на целиот континент.

Со оглед на тоа што на Христијан Мицкоски и неговата партија очигледно не им е јасно наведеното, стоиме на располагање секој ден нареден ден да им го објаснуваме истото.

Во меѓувреме, државата обезбеди ефтина струја од Бугарија за стопанството и ќе продолжи со активности за побезбедна енергетска зима, ЕСМ ќе го зголеми производството, а сите заедно и ќе штедиме енергија, за да се понуди заштеденото на стопанството.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно и срамно се обидува само да нанесе штета во овој тежок период во кој светот се соочува со енергетска криза.

Последни вести