Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ да не ја меша СДСМ во внатрешните проблеми којшто и се случуваат, за рачињата во медот, за криминалот ,за хаосот и паниката којшто владее.
Хаосот и паниката којшто владее во ВМРО-ДПМНЕ очигледно е дека има основани причини и причините не се никој друг освен самите тие.
Единствената адреса на којашто треба да се посочат овие работи е белиот дворец, а единствениот којшто и те како има одговорност и треба да се посочи е Христијан Мицкоски.
Со денови слушаме големи обвинувања за криминал, за рацете во медот. Слушнавме и дека Христијан Мицкоски е потрошен кадар, слушнавме и различни толкувања од оние на Христијан Мицкоски за процесите којшто треба да се случат конкретно и со Уставот.
Сето тоа покажува дека Христијан Мицкоски се обидува да ја заштити својата фотеља и со вакви обвинувања како денеска.
Она што сакам да го потенцирам е дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не е ребрендирана и реформирана партија туку со сите овие постапки и потези којшто ги прават во изминатиот период дополнително покажуваат дека се дополнително криминализирана партија.