fbpx

Милошоски да закаже седница на Комисијата, да не ја кочи ратификацијата на договорите за Отврен Балкан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Она коешто ние вчера ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој,​ а тоа е да кочи, да блокира, да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава.

Вчера ние имавме прес-конференција да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан.

Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски, уште еднаш ја користам оваа прилика да го повикам веднаш да закаже Комисија за надворешна политика во Собранието, да се откочат овие работи,​ се​ со една цел во интерес на граѓаните затоа што насушно им е потребно да се реализира она коешто е договорено во проектот Отворен Балкан.​ ​ 

Последни вести