fbpx

Со мерката за училиштата Владата предводена од СДСМ обезбеди непречен образовен процес во зима

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата предводена од СДСМ, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна обезбеди непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта во државата.

Со последните одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, сите основни и средни училишта се вклучено во регулираниот пазар на електрична енергија.

Со ова се обезбедува непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, иако тоа беше обврска на општините.

Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја. На регулираниот пазар, покрај училиштата се вклучуват и здравствените институции, заедно со сите домаќинства и над 70.000 компании мали потрошувачи.

Владата продолжува со субвенционирање на 80% од електричната енергија за домаќинствата.

СДСМ со ефикасни, навремени мерки им помага на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците за надминување на последиците од глобалната енергетска криза.

Последни вести