fbpx

Започна исплатата на „зелена нафта“ четири милиони евра кон 50.000 земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Трајан Димковски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,​

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Владата и институции предводени од СДСМ продолжуваат со конкретна грижа за сите граѓани.​

Посветени сме на инвестиции во земјоделството со цел зголемување и поголема конкурентност на домашното земјоделско производство.​

Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“.​

Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација.​

Распределбата ќе се одвива во цел месец октомври со цел земјоделците навремено да ја добијат оваа мерка која значи помали трошоци.​

Со субвенционирата нафта ги олеснуваме условите за работа на домашните земјоделци и поттикнуваме зголемување на домашното земјоделско производство.​

Тоа е особено важно во време на светска криза, кога се јавува недостиг на храна и земјоделски производи.​

Истовремено, исплативме субвенции за 6.396 млекопроизводители во вкупна вредност од над 153 милиони денари.

Ова е субвенција за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот март, април и мај 2021 година, а веќе започна подготовката на налозите за исплата за јуни и јули.

Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети.

Со одговорни и навремени мерки за намалување на трошоците на земјоделците го зголемуваме домашното производство на храна.

СДСМ и во време на криза останува партнер и поддршка на сите земјоделци.

Последни вести