Соопштение за јавност
Ние се уште гледаме блокада во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и таа блокада трае повеќе од две години, од последните парламентарни избори, се блокираат секакви законски решенија, особено оние кои се важни за граѓаните и компаниите во време на криза и сметам дека ова не е време за блокади и политички поени, ова е време кога сите треба да се справиме со оваа енергетска и економска криза, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за ТВ 21.
Ковачевски истакна дека има резерва кон намерите на Мицкоски и смета дека тие не се во интерес на граѓаните.
Осврнувајќи се на економските мерки Ковачевски истакна дека тие даваат резултат и граѓаните ги чувствуваат придобивките од нив.
„Јас бев критикуван кога ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, но сега се потврди дека тоа беше вистинска одлука. И ако денес ја погледнете мининалната плата каква бил кај претходната власт, а каква е сега, ќе видите дека сега е двојно зголемена, за 100%. Пензиите од март до сега се зголемени за 10 отсто до март следната година ќе бидат зголемени за уште шест проценти, што значи 16% за една година. Тоа се политики вистински и одговорни, социјалдемократски“ порача Ковачевски, додавајќи дека се подготвува нов пакет на мерки за помош на најранливите категории граѓани.