Почитувани медиуми,
Ве известуваме дека утре 11.10.2022 (вторник) во чест на 11-ти Октомври, Денот на народното востание во Спомен Костурницата во Куманово ќе се одржи традиционалниот празничен пикник што го организира општинската организација на СДСМ од Куманово. Традиционалниот пикник започнува во 12.00 часот.
Ве известуваме дека на настанот обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски (околу 12.30 часот).
На празничниот пикник, поканети се сите граѓани, заедно да го празнуваме 11-ти Октомври.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.