Соопштение за јавност
Наместо несериозни изјави и прес конференции во кои ВМРО-ДПМНЕ го пушта Стоилковски неумешно да го брани, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже:
Колку пари заработи од хидроцентралите? Во 2015 година конзорциумот во кој има удел Мицкоски од владата на Никола Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште.
Бидејќи Мицкоски го терал бизнисот со помош на државно доделено замјиште, заработените пари Мицкоски треба да ги врати назад кај граѓаните.
Само тоа и ништо помалку од Мицкоски не се очекува.
Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали.
Особено имајќи предвид дека Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика во времето кога и го добива бизнисот со хидроцентралите.
После сите можни злупотреби кои фамилијата и режимот на Никола Груевски ги направија, после сите прибирања од бизнисот и купувања фирми, преку Орце, Сашо и многу други последно што ВМРО-ДПМНЕ треба да направи е нив да ги повика на одговороност за криминалот.
Вистинската адреса за прашањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ е белиот дворец и Хрситјан Мицкоски лично кој го брани тој криминал.
Претседателот Заев нема удел во ниту една компанија, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се провидни.
Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто.
Прво и основно фирмите работат законски, второ немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата.
Токму тие компании во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ беа најпроверуваните и најистражуваните деловни субјекти од страна на партизираните институции и сто пати е потврдена нивната исправна работа.