Прес конференција, Коле Чаракчиев, претседател на ОО СДСМ Радовиш
Почитувани граѓани, со ипард програмата се овозможуваат европски можности за македонското земјоделство и руралниот развој.
Преку мерките од ипард и националните програми овозможуваме раст и развоj на: земјоделството, сточарството, пчеларството и руралниот развој…
Корисници на бенефитите од ипард 2 програмата можат да бидат:
– физички лица
– правни лица (микро и мали претпријатија)
– задруги
Приоритетни сектори кои ги опфаќа оваа програма се:
• алтернативно земјоделско производство;
• производство на прехрамбени производи;
• производство на непрехрамбени производи;
• развој на занаетчиски активности;
• обезбедување услуги во земјоделството;
• развој на услуги во земјоделството;
• развој на услуги за руралното население;
• промоција на руралниот туризам;
• производство и продажба на енергија од обновливи извори.
Како најприфатливи инвестиции од оваа програма може да ги издвоиме :
❖ градба и реконструкција на објекти и друг недвижен имот;
❖ набавка или инсталирање на нови машини поврзани со прифатлива економска активност;
❖ набавка на наменски транспортни резервоари и приколки;
❖ набавка на повекегодишни дрвја и растенија;
❖ набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина;
❖ инфраструктурно уредување.
Економската одржливост на инвестицијата барателот може да jа докаже преку:
– тенички предлог-проект (за инвестиција до 50 000 €)
– деловен план (за инвестиција над 50 000 €)
висината на финансиската подршка изнесува 65% од вкупно прифатливите трошоци на инвестиција.
Минималната вредност на инвестицискиот проект е 1 500 €, а максималната вредност на вкупно прифатливите трошоци за инвестициски проект е 1 000 000 €
Почитувани граѓани, ние можеме, ние знаеме!
На прав пат сме!