fbpx

Ковачевски: СДСМ како и македонска државата почива на делата од НОБ, секогаш на вистинската страна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ како ниту една друга партија во земјава е вградена во темелите на оваа држава, во нејзината борба за слобода, за независност, за меѓународно признание и просперитет, порача претседателот Димитар Ковачевски во своето обраќање на традоционалниот пикник по повод 11 Октомври во организација на ОО СДСМ Куманово.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, исто како и нашата државата, почива на вредностите и делата на Народно ослободителната борба.

НОБ и антифашизмот го трасираа нашиот патот, прво за слобода а потоа и за создавање македонска држава, за остварување на вековниот сон на многу генерации.

На борбата против антифашизмот и на херојството на нашите предци се поставени темелите на македонската државност. Благодарение на нив ние денес живееме во модерна, демократска државата, партнер на регионот и светот.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека СДСМ како наследник на вредностите и идеалите од НОБ останува на вистинската страна.
„Мое, наше, херојско Куманово, денеска ечи гласно и со право. Гордоста наша е тоа, затоа што СДСМ е директен наследник на таа борба, на тие вредности и идеали.

Често го споменувам делото на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. И денеска ќе го споменам повторно.

Со членска книшка број 001 во СДСМ, Глигоров во младоста беше и еден од учесниците на АСНОМ и дел од градењето на современата македонска држава.

СДСМ секогаш била, е и секогаш ќе биде на вистинската страна.“ порача Ковачевски.

Последни вести