Мицкоски, Лефков и сите коишто јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните и на Ковачевски за сите фабрикувани афери, кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и потврди дека нема основ за покренување постапка против претседателот Ковачевски.
Очекувано се потврди она што Ковачевски јавно го кажа, дека тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист.
Исто така уште еднаш се потврди дека Белата палата е извор на лажни вести,конструкции и шпекулации, со кои се обидува да ја манипулира јавноста.