Врз основа на член 83 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на предлог на Форумот на жени на СДСМ, Извршниот одбор на СДСМ, на седницата одржана на 22.08.2019 година усвои
ПРАВИЛНИК
за организација и начин на функционирање на Форумот на жени на СДСМ
- I. Општи одредби
Член 1
Со овој правилник за организација и начинот на функционирањена Форумот на женина СДСМ (во понатамошниот текст:Правилник) поблиску се уредува функционирањето, организациската структура, делокругот на работа на Форумот на жени на СДСМ и други прашања од значење за работата и дејствувањето на Форумот на жени на СДСМ.
Член 2
Форумот на жени на СДСМ е доброволен облик на организирање на жените членки на партијата, заради заедничко дејствување и застапување на принципот на еднаквост на жените и мажитево сите сфери на општественото живеење и остварување на програмските определби дефинирани во Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
- II. Делокруг на работата на Форумот на жени на СДСМ
Член 3
Форумот на жени на СДСМ за своето дејствување донесува програма која произлегува од програмата на СДСМ, оперативни програми на Општинските организации на СДСМ (во понатамошниот текст:ОО на СДСМ) на чија територија дејствуваат Форумите на жени, како и други документи заради усогласување со актите донесени од партиските органи.
Форумот на жени на СДСМ со својата програма придонесува за афирмација на програмските и политичките определби на СДСМ и учествува во процесот на нивното градење,вклучувајќи гопринципот на еднаквост на жените и мажите во програмските и политичките определби на СДСМ.
Форумот на жени на СДСМ предлага политики и мерки, организира дебати, трибини, конференции и семинари, гради партнерства со граѓански организации и фондации, соработува со социјалните партнери и облиците на организирање на жените во политичките партиипрограмски блиски, како во земјата, така и во странство, со цел унапредување на еднаквоста на жените и мажите во сите сфери на општественото живеење.
- III. Начин на организирање и органи на Форумот на жени на СДСМ
Член 4
Членството на Форумот на жени на СДСМ територијално е организирано во следните облици на делување:
– Форум на жени на СДСМ;
– Општински форуми на жени на СДСМ.
Член 5
Одлука за формирање и распуштање на Форумот на жени на СДСМ, како организација на жени на СДСМ, донесува Централниот одбор на СДСМ (во понатамошниот текст:ЦО на СДСМ).
Извршниот одбор на ЦО на СДСМ (во понатамошниот текст: ИО на СДСМ) донесува одлука за распишување на избори на координаторки на општинските Форуми на жени на СДСМ, по претходна координација со Координаторката на Форумот на жени на СДСМ.
Член 6
Органи на Форумот на жени на СДСМ се:
– Координаторка на Форумот на жени на СДСМ;
– Извршен одбор на Форумот на жени на СДСМ;
– Регионални координаторки на Форумот на жени на СДСМ;
– Oдборна Форумот на жени на СДСМ.
- IV. Координаторка на Форумот на жени на СДСМ
Член7
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ ја избира ИО на ЦО на СДСМ, на предлог на Претседателот на СДСМ.
Мандатот на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ е четири години, со право на повторен избор.
Член 8
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ ги има следните права и обврски:
– Го претставува и застапува Форумот на жени на СДСМво земјата и странство;
– Учествува во градењето на политиките на СДСМ;
– Го следи остварувањето на програмата на Форумот на жени на СДСМ;
– Предлага до Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ регионални координаторки на Форумот на жени на СДСМ;
– Ги свикува и претседава со седниците на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ;
– Ги свикува седниците на Одборотна Форумот на жени на СДСМ;
– Учествува во креирањето на кадровската политика на СДСМ.
За својата работа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ поднесува годишен извештај до ИО на ЦО на СДСМ, претходно усвоен на седница на Одборотна Форумот на жени на СДСМ.
- V. Извршен одбор на Форумот на жени на СДСМ
Член 9
Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, го сочинуваат 16(шеснаесет) членки и Координаторката на Форумот на жени на СДСМ.
На предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ,членките на Извршниот одбор ги именува ИО на ЦО на СДСМ.
На предлог на Координаторката на Форумот на жени ИОна ЦО на СДСМ може да отповика член на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ во случај на работење спротивно на одредби од Статутот на СДСМ, усвоените програмски цели и насоки на работење.
Мандатот на членките на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ престанува со престанокот на мандатот на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ.
Член 10
Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ ги има следните права и обврски:
– Подготвува и предлага програма на делување на Форумот на жени на СДСМ;
– Усвојува акциски планови за секоја изборна единица;
– Расправа за актуелни политички прашања, гради ставови и носи одлуки по истите;
– Назначува регионални координаторки на Форумот на жени на СДСМ на предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ;
– Се грижи за информирањето внатре во Форумот на жени на СДСМ, како и во јавноста;
– Подготвува Правилник за работа на Форумот на жени на СДСМ и предлага измени и дополнувања;
– Формира комисии и други облици на работни тела на Форумот на жени;
– Избира заменик-координаторка и Генерална секретарка на Форумот на жени на СДСМ на предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ;
– Поднесува кварталниизвештаи до ИО на ЦО на СДСМ;
– Го следи работењето и начинот на функционирање на општинските Форуми на жени на СДСМ.
Член 11
Со Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ раководи Координаторкатана Форумот на жени на СДСМ.
На предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ избира заменик-координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Генерална секретарка на Форумот на жени на СДСМ и за изборот го известува ИО на ЦО на СДСМ.
Заменик-координаторката на Форумот на жени на СДСМ учествува во работењето на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, а во случај на отсуство или спреченост на Кординаторката на Форумот на жени на СДСМ, ги извршува работите кои спаѓаат во делокруг на работењето на Кординаторката на Форумот на жени на СДСМ, по предходно дадена согласност.
Генералната секретарка на Форумот на жени на СДСМ ги организира и подготвува седниците на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, ѝ помага на Координаторката околу свикувањето на седниците, води записници од седниците, сегрижизаследењето и извршувањетонаодлуките, ставовите и заклучоцитенаорганитена Форумот на женина СДСМ и врши други работи кои ќе ѝ ги довери Координаторката на Форумот на жени и Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Мандатот на заменик-координаторката на Форумот на жени на СДСМ и Генералната секретарка на Форумот на жени на СДСМ престанува со престанокот на мандатот на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ и Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Член 12
Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ работи на седници кои ги свикува Координаторката на Форум на жени на СДСМ, најмалку еднаш месечно.
На седниците на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, на предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ можат даприсуствуваат лица кои не се членови на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, во зависност од точките на дневниот ред, доколку за тоа има потреба. Надворешните лица можат да учествуват во дискусијата, односно работата на седницата, но немаат право да учествуваат во одлучувањето.
- VI. Регионални координаторки на Форумот на жени на СДСМ
Член 13
Регионалните координаторки на Форумот на жени на СДСМ (во натамошниот текст: Регионални координаторки) се избираат согласно територијалната поделба по изборни единици, од редот на истакнати членки на општинските Форуми на жени на СДСМ.
Регионалните координаторки ги назначува Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ на предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ.
Се назначуваат 9 Регионални координаторки, и тоа од сите изборни единици по една, а од третата и четвртата изборна едниница по две,како територијално најголеми изборни единици и една Регионална координаторка која го покрива подрачјето на град Скопје.
Регионалните координаторки ја координираат работата на општинските Форуми на жени на СДСМ на територијата за која се назначени,изработуваат акциски планови по изборните единици за спроведување на Програмата на Форумот на жени на СДСМ, се грижат за правилно и навремено информирање на општинските Форуми на жени на СДСМ за сите одлуки и ставови донесени од Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, присуствуваат на седниците на општинските Форуми на жени на СДСМ кога тоа од нив ќе го побараат општинските Форуми на жени на СДСМ или по нивна проценка кога сметаат дека е важно нивното присуство.
Регионалните координаторки еднаш месечно поднесуваат извештај за својата работа до Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Работата на Регионалните координаторки ја координира Генералната секретарка на Форумот на жени на СДСМ во консултација со Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, за што редовно известува на секоја седница на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.
Мандатот на Регионалните координаторки на Форумот на жени на СДСМ е четири години, со право на повторен избор.
- VII. Одбор на Форумот на жени на СДСМ
Член 14
Одборотна Форумот на жени на СДСМ е составен од членките на Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, координаторките на општинските Форуми на женина СДСМ и Регионалните координаторки.
Член 15
Одборотна Форумот на жени на СДСМ ги има следните права и обврски:
– Учествува во градењето и остварувањето на програмата на Форумот на жени на СДСМ и на партијата;
– Расправа за актуелни политички состојби поврзани со родовата еднаквост;
– Го разгледува годишниот извештај за работата на Форумот на жени на СДСМ и дава препорака за негово усвојување до ИО на ЦО на СДСМ.
Член 16
На предлог на Координаторкатана Форумот на жени на СДСМ, од редот на Одборотна Форумот на жени на СДСМ се избира Претседавачка на Одборот на Форумот на жени на СДСМ, со мандат од една година, без право на повторен избор.
Со седниците на Одборот наФорумот на жени на СДСМ раководи Претседавачката на Одборотна Форумот на жени на СДСМ.
На седниците на Одборот на Форумот на жени на СДСМ по потреба се повикуваат и пратеничките од редовите на СДСМ, носителките на извршни функции на централно ниво, градоначалничките и претседавачките на Совети во општините, претседателките на ОО на СДСМ.
Одборот се свикува најмалку четири пати годишно, а по потреба и повеќе.
Мандатот на членките на Одборот трае четири години, со право на повторен избор.
VIII. Општински Форуми на жени на СДСМ
Член 17
Во општинскиот Форум на жени на СДСМ членуваат сите жени-членки на Општинската организација на чија територија дејствува Форумот на жени на СДСМ.
Општинските Форуми на жени на СДСМ остварувајќи ја програмата на Форумот на жени на СДСМ покренуваат и прашања за унапредување на положбата на жената на подрачјето на општините каде што делуваат.
Општинските Форуми на жени на СДСМ за остварување на програмските цели меѓусебно соработуваат и координирано настапуваат.
Член 18
На предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, ИО на ЦО на СДСМ донесува одлука за распишување на оглас за самокандидирање за координаторки на општинските Форуми на жени, според роковник и упатство за спроведување на избори, усвоен од ЦО на СДСМ.
Член 19
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, по разгледаните самокандидатури и спроведените интервјуа со кандидатките, во консултација со Претседателот на Општинската организација на СДСМ назначувакоординаторки на општински Форуми на жени, за што доставува известување до ИО на ЦО на СДСМ.
Интервју се спроведува со сите кандидатки кои ги исполнуваат условите предвидени во огласот за самокандидирање.
На интервјуто на кандидатките, покрај Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, присуствуваат и две членки од Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ, на предлог на Координаторката на Форумот на жени на СДСМ.
Член 20
Координаторкатана општинскиот Форум на жени на СДСМ до Координаторката на Форумот на жени на СДСМ предлага членки на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ.
По добиената согласност од Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, за предложените членки на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ, на седница на ИО на ОО на СДСМ се потврдуваат членките на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ.
Координаторката на општинскиот Форум на жени на СДСМ на првата седница на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ, именува заменик – координаторката и секретарка од редот на членките на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ, за што го известува ИО на ОО на СДСМ.
Координаторката на општинскиот Форум на жени на СДСМ може да воспостави и пониска структура на ниво на месни одбори, доколку за тоа постои потреба.
Член 21
Координаторката на општинскиот Форум на жени на СДСМ ја координира работата на општинскиот Форум на жени на СДСМ и ги има следните права и обврски:
– Го претставува и застапува општинскиот Форум на жени на СДСМ;
– Учествува во градењето на политиките на ОО на СДСМ;
– Гисвикуваи претседава со седниците на координативното тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ;
– Соработува со граѓански организации на локално ниво;
– Организира дебати, трибини и семинари на локално ниво за членките на општинскиот Форум на жени на СДСМ, вопретходна консултација со Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ;
– За својата работа поднесува месечен извештај до регионалната координаторка на Форумот на жени на СДСМ од својата изборна единица;
– За својата работа поднесува годишен извештај до ИО на ОО и до Извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ;
– Учествува во креирањето на кадровската политика на ОО на СДСМ.
IX. Преодни изавршни одредби
Член 22
За сите прашања кои не се регулирани со овој Правилник на Форумот на жени на СДСМ, важат одредбите од Статутот на СДСМ.
Член 23
Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото усвојување од страна на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ.
Со денот на влегување во сила на овој Правилник, престанува да важи Правилникот бр.0205-327 донесен на 16.07.2019 година.
Скопје,СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
22.08.2019 година Претседател
Зоран Заев