Соопштение за јавност
Советот на ЕУ денеска ја усвои Одлуката, Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс.
Договорот наскоро ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти и дополнителни објаснувања.
Ова е прв официјален договор со ЕУ на македонски јазик.
Со ова уште еднаш се потврди дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно бришење на македонскиот јазик е само една обична лага.
Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација, за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Денешната одлука на Советот на ЕУ е уште еден доказ дека македонскиот јазик е признаен и заштитен и со чиста формулација ќе стане еден од официјалните јазици на ЕУ.