fbpx

Заев од граѓанската трибина „На прав пат“: Нема држава што има сработено колку ние што направивме за преговори за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Куманово порача дека државата и граѓаните со право очекуваат почеток на преговорите со ЕУ и тоа да биде објавено веќе во наредната недела.

-Сработивме се што беше потребно и со право за неколку денови очекуваме почеток на преговори со ЕУ. Знам дека нема друга земја која како кандидатка за членство, сработела онолку колку што ние како држава среаботевме за сите 15 години колку што сме земја кандидат, но особено во последните 2 години порача претседателот Заев, додавајќи дека веќе е извесно дека Република Северна Македонја е 30 земја членка на НАТО Алијансата.

Рековме, ветивме дека ќе го забрзаме процесот на интеграција во ЕУ и еве го правиме, ветивме дека ќе станеме членка на НАТО и еве не, извесно е, ние сме следна членка на НАТО Алијансата.

Последни вести