fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се повикува на континуитет на Ванчо Михајлов и треба да се изјасни за Законот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, се повикува на континуитет во своето делување, а дел од тој континуитет е и Ванчо Михајлов како некогашен претседател на таа партија, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во одговор на новинарско прашање.

„Гледаме дека таа иста политичка партија има осуда за отворањето клубови кои го носат името Ванчо Михајлов, од друга страна пак таа партија отвори Музеј во Ново Село, Штип каде Ванчо Михајлов го спомнуваат како херој и револуционер и таа партија треба д ги објасни овие различни толкувања.“ посочи Митрески и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за новото законско решение кое е доставено до Собранието.

Последни вести