fbpx

Мицкоски се промовира како анти ЕУ политичар, СДСМ нема да дозволи враќање на државата во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Христијан Мицкоски веќе се промовира како анти-ЕУ политичар, кој заедно со неговиот проруски партнер Левица работи против напредокот на државата.

Исто како и неговиот шеф, Никола Груевски, Мицкоски бара 61 пратеник во Собранието против ЕУ, да ја блокира земјата повторно.

Тоа нема да се случи, Мицкоски може да биде против, но македонската иднина е сигурна и таа е европска. Нема да дозволиме враќање назад.

По 17 години чекање, започнавме преговори за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Наскоро ќе биде потпишан Договорот со Фронтекс и тоа на македонски јазик без фусноти и ѕвездички.

Сите лаги на анти ЕУ Мицкоски потоаа.

Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните за наводна бугаризација и асимилација, за продавање на македонскиот идентитет, за бришење на македонскиот јазик.

Но, се случи токму спротивното.

Нема бугаризација, нема симилација, има македонски јазик во ЕУ.

Почитувани,

Два политички концепти имаме во државата.

Едниот предводен од СДСМ и Димитар Ковачевски за европска иднина, напредок, развој и побогати граѓани.

Вториот предводен од Христијан Мицкоски е антиевропскиот концепт, кој значи враќање назад во изолација, неизвесност и бесперспективност.

СДСМ како предводник на концептот, кој носи европска иднина, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет, заедно со граѓаните, нема да дозволи враќање во минатото и изолација. Продолжуваме кон ЕУ.

Последни вести